Австрискиот фудбалер Давид Данилиуч (20) е нов бодивилдер во светот на фудбалот. Тој настапува за француска Ница, а ги мина и јуниорските категории Реал Мадрид и Баерн. „Гардијан“ го смести меѓу 60-те најголеми таленти во 2018 година. Во 2020 година реши да замине во Ница за да се испроба во сениорскиот фудбал.
Данилиуч ги воодушеви тренерите со своите физички квалитети. Тој е висок 188 сантиметри и има 4,3 отсто телесни масти. Кристијано Роналдо има седум проценти, а просечниот професионален фудбалер е таков што има околу десет проценти телесни масти. Данилиуч беше особено пофален од познатиот германски бодибилдер Ралф Молер: “Тој е одличен. Добро е граден, млад е и неговото тело брзо ги согорува мастите. Напорно работи со тегови и ги не ги прескокнува тренинзите за брзина и сила. Ми се допаѓаат неговите мускули”.
Според „Трансфермаркт“, Данилиуч вреди седум милиони евра, а заинтересиран за него е Вест Хем.