Англиски „Тајмс“ објави дека лондонскиот премиерлигашки гигант за предвремениот раскин на договорот добро го наполнил џебот на Обемејанг со седумте милиони фунти, по што Габонецот прифатил во Барселона да игра за „минималец“ и потпиша договор до 2025 година, но со клаузула дека после една година може да си замине ако сака, а откупната клаузула му е на – 100 милиони евра.
Обемејанг во Арсенал имаше „замрзнат статус“ откако уште пред крајот на минатата година му беше одземена капитенската лента и не конкурираше за првиот тим со одлука на Микел Артета поради прекршување на клупските правила и дисциплина со недоаѓање на тренинг. Инаку тој беше најплатениот фудбалер на „Емирати“ со 350.000 фунти неделно, а Англичаните пресметаа дека со раскинот на договорот Арсенал заштедил 25 милиони фунти.