Фудбалерите на Реал Мадрид со победа ја започнаа одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Глазгов го победија домашниот Селтик со 3:0 во групата Ф.
Селтик даваше отпор само во првите 45 минути. Натпреварот го одбележа Бензема, кој го напушти теренот поради повреда по половина час игра, како и голот на Еден Азар.
По почетното испитување на силите, домашните ја презедоа иницијативата и почнаа да вршат притисок на противничката половина. Се играше 21. минута кога Мек Грегор упати силен удар со кој ја погоди стативата. Ударот беше толку силен што Куртоа само погледна кон топката.
Во 29. минута Реал одговори преку Валверде. Уругваецот упати силен удар, но топката помина само покрај стативата.
По половина час игра Анчелоти беше принуден да направи измена откако Карим Бензема поради повреда го напушти теренот. Негова замена беше Еден Азар.
Во 43. минута Реал имаше одлична шанса кога Винисиус имаше еден на еден со Харт, но англискиот голман излезе како победник.
На полувремето немаше голови.
Веќе во втората минута од натпреварот Селтик имаше одлична можност, но Маеда не успеа да се снајде во шеснаесетникот на Реал и слабо шутираше кон добро поставениот Куртоа.
Реал во 56. минута успеа да ја пробие одбраната на Селтик и да го постигне првиот гол на натпреварот. Валверде проби по десната страна, му пружи одлична асистенција на Винисиус кој успеа да ја затресе мрежата. Акција која потсетуваше на победничкиот гол во финалето против Ливерпул.
Само три минути подоцна Реал Мадрид повторно ја затресе мрежата на Селтик. Голот бепе дело на магионичарот Лука Модриќ , кој погоди после акцијата на Азар.
Во 77. минута Реал обезбеди победа, а стрелец беше Еден Азар по асистенција на Карвахал за конечни 3:0. Инаку, голот беше постигнат по неверојатни 34 додавања за 96 секунди!
https://www.youtube.com/watch?v=se_z7WQ5-h8