Европскиот вицешампион Ливерпул, беше доминантен против Глазгов Ренџерс, но постигна само два гола за победа од 2:0. Во првиот дел од слободен удар Александер-Арнолд со прекрасен удар отвори за водство од 1:0, а на стартот на вториот дел Салах зголеми на 2:0.

Во групата Б, Бриж не се шегува. Белгијците го „преслушаа“ и Атлетико (М) со 2:0 за трета победа во групата и лидерско место пред фаворитите. Атлетико промаши пенал преку Гризман во второто полувреме. Во вториот меч, по два поништени гола во првиот дел и промашен пенал за гостите, Порто со голот на Сануси дојде до водство против Баер (Л) од 1:0. Во финишот Галено само ја потврди победата од 2:0.

Во групата Д не се нагледавме фудбал. Ајнтрахт (Ф) и Тотенхем завршија без голови.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 3 КОЛО

ГРУПА А

Ајакс – Наполи 1:6

Ливерпул – Ренџерс 2:0

Standings provided by Sofascore