ПСЖ имаше фуриозен старт и со головите на Мбапе во 11. и Нејмар во 17. минута поведе со 2-0, но работите потоа не се одвиваа според очекувањата на домашните навивачи.
Лил успеа да направи комплетен пресврт, Диаките погоди во првото полувреме, Давид и Бамба дадоа голови во вториот дел, па гостите поведоа со 3-2.
Кога се чинеше дека ПСЖ тешко ќе се извади од оваа незгода, Мбапе даде гол во 87. минута и израмни на 3-3. А во 95. минута Лео Меси погоди од слободен удар и донесе победа од 4-3.
Проблем за ПСЖ е повредата на Нејмар.