Кочоски ги спаси стружани во 87-та минута откако велемајсторски погоди, неодбранливо за кавадаречкиот голман Мартин Давков, и обезбеди бод на својата екипа и барем до следното коло Струга ќе остане лидер, иако сега разликата во однос на првакот Шкупи е само бод после триумфот на чаирчани во супердербито со Шкендија со 2-0 во Кичево.
Пред голот на Кочоски, Александар Мишов даде гол две минути пред полувремето за водство на Тиквеш, но кавадарчани кои се хит сезонава, иако беа во кругот на тимови кои грчевито ќе се борат за опстанок, не успеаа да ја задржат предноста.
Тиквеш сега има 27 бода, еден помалку од третата Шкендија.