Фудбалерите на Хетафе конечно запишаа победа во Ла Лига, откако вчера триумфираа со 1-0 на гостувањето кај Елче во рамки на 12. коло од шпанското првенство.
Турскиот фудбалер Енес Унал беше човекот на одлука кој го реши мечот, и тоа со гол во 55. минута од натпреварот, по што гостите останаа со играч помалку во 79. минута поради црвен картон на Џордан Амави, но Елче не успеа да се врати во игра.
Хетафе има 13 бодови на 14. позиција на табелата, по што следи Елче со четири бодови на последно место.