Болоња ја оствари третата победа оваа сезона во Серија А и се искачи на 12. позиција на табелата. Тимот на Тијаго Мота славеше на гости против Монца со 1-2. Тоа е втор триумф по ред за Болоња.

Андреа Петања во 57.минута ја доведе Монца во водство откако реализираше пенал, а Болоња возврати само три минути подоцна со голот на Луис Фергусон. Победоносниот погодок беше дело на Рикардо Орсолини во 73.минута од натпреварот.

Монца го забележа осмиот пораз оваа сезона и се наоѓа на 15.место на табелата.

Болоња скокна до 12. позиција во Серија А, па сега има три бодови повеќе од Монца.