Во рамките од 12 коло во Третата фудбалска лига – Југозапад , водечкиот Караорман во локалното дерби му гостуваше на Влазними . Лидерот ја оправда фаворитската улога и триумфираше против незгодниот ривал со резултат 1:3 . Стрелци на головите беа Белќија , Димов и Ќелешоски .

Oва беше последен натпревар од есенската полусезона и со овој триумф тимот на Караорман собра 34 бода и како есенски шампион сигурно чекори кон пласман во Втората лига.

Изјава по натпреварот за Спортпрес даде стрелецот на еден од трите гола за Караорман Никола Димов:

-Секогаш е тешко кога се игра против градски ривал на гостински терен. Но ние ги реализиравме тактичките задачи на тренерот и успеавме да стигнеме до значајни три бода – изјави 27 годишникот кој игра на позиција лево крило.

ТМФЛ Југозапад – Табела 2021/2022

ПозЕкипаPWDLFAGDPts
11211104510+3534
2128223918+2126
3117132522+322
4115602812+1621
5126332820+821
6114432920+916
7124443129+216
8114072125-412
9123272225-311
10122462134-1310
11112361327-149
121220101352-396
1311128929-205