Салима Мукансанга е подготвена да испише историја на тековниот Африкански куп на нации, каде што ќе стане првата жена што ќе суди на натпревар на машкиот континентален шоу.

Турнирот во Камерун е последниот чекор во подемот на Мукансанга, кој беше четврти судија на дуелот Гвинеја – Малави во понеделникот, а се очекува да настапи како главен судија подоцна оваа недела.

33-годишната судијка од Руанда беше вклучена во натпреварите на Олимписките игри во Токио и Светското првенство за жени во Франција, а сега го гледа Купот на нациите како можност да докаже дека не треба да има бариери за жените судии во машката игра.

„Ќе му покажеме на светот дека можеме да направиме нешто“, изјави таа за ESPN, пред нејзиното деби како прва жена главен судија на овогодишното континентално шоу.

Таа е една од четирите жени со функција на турнирот — заедно со Бухра Карбуби и Фатиха Џермуми (Мароко) и Карин Атемзабонг (Камерун) – иако само Мукансанга е назначенa за главен судија.

„Мислев дека можеби згрешиле со моето име, кога го најдов меѓу списокот на судии, но сега сум тука, значи дека видоа нешто во мене, веруваат во мене и се убедени дека можам да направам нешто.

Претстојното деби на Мукансанга е уште една чекор напред за женските судии, а е само неколку дена откако Ребека Велч стана првата жена судија која ја делеше правдата на натпревар од третото коло во ФА Купот на дуелот Плимут Аргил – Бирмингем Сити викендот.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1481227921461284867?s=20

Мукансанга верува дека учеството на Олимписките игри во Токио, каде што ги водеше натпреварите на Чиле и Австралија, како и средбата меѓу Холандија и Кина, ја подготви добро за предизвиците на Купот на нации.

„Во Африка во мојата земја, не користиме ВАР, така што тоа беше огромно искуство, и научив многу, многу важни алатки што треба да се следат за време на натпреварот.