Бојан Миовски во второто коло од шкотската Премиерлига беше стрелец, но неговиот Абердин претрпе пораз од шампионот Селтик.

Абердин губеше со 0-1 уште од 12. минута, но во 25-тата Миовски изедначи на 1-1. Ја претрча гостинската одбрана и осамен во петерецот го финишира додавањето од Дук. Сепак, кратко траеше радоста на домашните навивачи, бидејќи Селтик се врати во водство, неполни пет минути подоцна.

Во 84. минута Орајпи ги реши дилемите и му донесе триумф на 53-кратниот шампион на Шкотска.

По ремито на гости кај Ливингстон (0-0) и овој пораз од Селтик, Абердин и понатаму ја чека првата победа во новата сезона, во третото коло, на гости кај Сент Мирен, на 27 август. Во меѓувреме ќе одигра натпревар во Лига-купот на Шкотска, на теренот на Стирлинг, в петок.

https://twitter.com/FootColic/status/1690687258880245760?s=20