Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа Челзи на гости со 1: 0 (0: 0), во натпреварот од шестото коло на англиската Премиер лига. Сити славеше во саботното големо дерби кое го отвори колото во англиското првенство. Екипата на Манчестер сега има 13 бода и се искачи на првото место, додека Челзи останува на 13 и го забележува првиот пораз во новата сезона. Менаџерот на Челзи, Томас Тухел одлучи да ја препушти топката на Сити и неговиот тим да игра поповлечени и да чека контранапади. Сити ја прифати улогата на тим кој постојано ќе ја има топката и првото полувреме не беше интересно. Поточно, не видовме ништо во првите 45 минути. Сити кружеше околу шеснаесетникот, речиси секој центаршут одеше во корнер, од кои гостинскиот тим имаше девет во првото полувреме, но не видовме ниту еден удар во рамките на голот. Единствената ситуација која вреди да се спомене се случи во 41. минута.Жесус ја прими топката на градите на десет метри од голот, шутираше со левата нога во горниот лев агол, но топката отиде до голот. Вистинска приспивна песна на полувреме – без голови.  Второто полувреме беше одлично. Грилиш можеше да му донесе предност на Сити во 49. минута, кога шутираше од работ на шеснаесетникот до долниот десен агол, но топката мина покрај десната статива. Сити поведе во 53. минута. По корнерот, топката се одбива до Кансело на 25 метри од голот, кој  шутира со левата нога но е блокиран , токата потоа дојде до Габриел Жесусж кој го погоди Жоржињо и топката заврши во долниот лев агол за водство на Сити .  До крајот Челзи имаше неколку неуспешни обиди за израмнување .

 ВИДЕО

https://www.dailymotion.com/video/x84flf6

Во вториот меч од истиот термин Манчестер Јунајтед неочекувано беше поразен од Астон Вила со 0:1 . Стрелец на голот за гостите беше Хаус во 88 минута , а истиот играч во 92 мин. играше со рака во сопствениот шеснаесетник по што беше досуден пенал за домаќинот . Роналдо му ја препушти топката на Бруно Фернандеш кој се посрамоти биеше катастрафално високо над голот .

 ВИДЕО

Премиер лига, 6 коло:

Челзи – М. Сити 0: 1 (0: 0) Жесус 55

М. Јунајтед – Астон Вила 0: 1 (0: 0) Хаус 88