Нејмар на Бразил му има донесено титули во Копа Америка и Олимписките игри, а сега посакува да го освои и најценетиот трофеј во репрезентативниот фудбал, трофејот од Светско првенство.

Нејмар сезонава игра во одлична форма и во неговата земја со право се надеваат дека може да му ја врати светската фудбалска слава на Бразил по пауза од 20 години.

На тренинг на Бразилците беше направен еден експеримент, од дрон на висина од 35 метри му беше пуштена топка на Нејмар, а иако таа паѓаше со голема брзина, ѕвездата на Пари Сен Жермен без проблем ја смири и исконтролира.

Останатите соиграчи од националниот тим полудеа од задоволство после овој генијален потег. Второто место го освои Ришарлисон, кој ја смири топката која му падна од висина од 30 метри.

Погледнете: