Селтик и Глазгов Ренџерс ремизираа (1-1) во 35. коло од шкотската Премиер – лига. Домаќинот со победата во 431. Олд Фирм и математички ќе ја обезбедеше титулата шампион на Шкотска, но ќе мора да почека бидејќи на три кола пред крајот на шампионатот има шест бода предност.

Селтик добрата игра на стартот ја круниса со гол во 21. минута кога Жота го доведе својот тим во водство.

Во вториот дел нападна Глазгов Ренџерс и успеа да го израмни резултатот со гол во 67. минута од натпреварот преку Фешна Сакала.

Сакала во финишот на мечот ја погоди стативата, но резултатска промена немаше.

На три кола пред крајот на шампионатот Селтик има шест бода повеќе од Ренџерс.