Челси е блиску до пласман во финалето на Лига-купот на Англиа откако во првиот меч го совлада Тотенхем со 2-0. Реваншот се игра за седум дена. Вториот полуфинален дуел меѓу Арсенал и Ливерпул е одложен на барање на гостинскиот тим поради пандемија на коронавирусот.

Каи Хаверц во петтата минута донесе водство за Челси, а Бен Дејвис во 34.минута си постигна автогол.