Фаес во 38-та и 45-та минута си даде два автогола со што стана само четвртиот фудбалер во историјата на англиската елита кој успеал на еден меч да даде два автогола. Пред него тоа им успеало само на Џејми Карагер во 1999, Мајкл Проктер во 2003 и Џонатан Волтерс во 2013 година.
Откако Лестер поведе со гол на Кернан Друсбери-Хал после само четрири минути, во завршницата на првиот дел стапи на сцена Фаес, па прво си ја погоди мрежата откако сакајќи да ја избие топката по центаршут на Трент Александер-Арнолд, го лобуваше голманот за да погоди во мрежата, а потоа во 45-та после дирекот по шут на Дарвин Нуњез, си ја заби топката во својата мрежа сакајќи да ја избие.
За Ливерпул ова беше осма победа сезонава и дојде до 28 бода, останувајќи на шестото место на табелата, со бод помалку од Манчестер јунајтед, ама сега само два од четвртиот Тотенхем. За Лестер ова беше десетти пораз и со 17 бода остана на 13-то место.
- Ливерпул – Лестер Сити 2-1:
На вториот натпревар од Премиер лигата, Вест Хем на домашен терен загуби од Брентфорд (0-2). Одличен беше Иван Тони кој забележа асистенција и даде погодок во мрежата на „чеканите“.
Премиер лигата продолжува во ритам, ќе се играат натпревари на 1 јануари.