Легендата на Барса, Чави Хернандез ја промени својата одлука и реши да остане во Барселона и по крајот на сезоната. Стратегот веќе почна да го планира летниот преоден рок, откако во претходните трансфер периоди не му беа исполнети дел од барањата.
За да го засили тимот со квалитетни и скапи фудбалери Барса сепак ќе мора да продава. На оваа тема, анализа направи угледниот „Мундо Депортиво“. Според нив, само три фудбалери се „недопирливи“ во тимот. Тоа се младите ѕвезди Гави, Ламин Јамал и Пау Кубарси.
Сите останати фудбалери би можеле да бидат продадени, секако доколку за нив пристигне задоволувачка понуда. Сепак, постојат уште неколку млади фудбалери од кои Барселона не би се откажала лесно. Голем дел од фудбалерите на кои клубот ќе смета во иднина се со вртоглави откупни клаузули.