Каталонскиот весник „Спорт“објави дека, Барселона е подготвена за размена со цел да го добие потписот на грузиецот Квича Кварацхелија, тие би испратиле двајца фудбалери кон Наполи.
Вредноста на Кварацхелија на трансфер пазарот е околу 80 милиони евра, а Барселона е подготвена за него да ги даде Фермин Лопез и Феран Торес, а можна е и доплата од некој милион.
Адут на Барселона е и фактот што Наполи следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите што би било финансиски удар за италијанскиот клуб, а и желба повеќе за Кварацхелија да замине.