Шпанија триумфaлно го доби дуелот (3-0) против Норвешка и успешно го отвори новиот циклус квалификации за ЕВРО 2024. Новиот селектор Луис де ла Фуенте дебитираше со победа.
„Фуријата“ поведе со голот на Дани Олмо во 13.минута, а Хоселу со два гола во финишот го реши победникот. Тој стрелаше во 84. и во 85. минута за убедлив триумф на Шпанците.
Велс ја изненади Хрватска и одигра 1-1 на „Пољуд“. Хрватите има водство до судиското продолжение со голот на Андреј Крамариќ во 28.минута, но израмни Натан Бродхед во 93.минута.
Романија ја победи Андора на гости со 0-2, со головите на Денис Ман и на Алибек.