Бенфика можеше да победи на вчерашниот натпревар против Барселона, со што ќе си ја олеснеше ситуацијата пред последното коло од групната фаза и ќе ја доближеше до осминафиналето од Лигата на шампионите. Најдобрата шанса за тоа ја имаше Харис Сеферовиќ во судиското обештетување на натпреварот, но неговиот обид за гол кој на Бенфика ќе и донесе три бода помина покрај празната мрежа.
Пред да промаши, Сеферовиќ излезе сам на Марк-Андре тер Штеген, го помина, а потоа шутираше покрај голот иако беше празен.
https://twitter.com/Asensii20/status/1463264329554444296?s=20
Тренерот на Бенфика, Хорхе Жесус го коментираше сето ова во текот на натпреварот, фрлајќи се на колена покрај теренот. По натпреварот тој рече:
„Точно е дека Барселона имаше шанса или две да постигне гол во текот на целиот натпревар, но ние игравме добро во одбраната, а на крајот имавме шанса каде што немаше голман на голот на Барселона. Јас сум тренер веќе 30 години и никогаш не сум видел нешто слично и, за жал, тоа ми се случи мене и на Бенфика сега“.