Дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер постигна одличен гол од 35 метри, кога испрати еден проектил кој не можеше да го одбрани противничкиот голман.

Радоста на Челси траеше само една минута и 40 секунди бидејќи, по голот на Рудигер, Брентфорд веднаш израмни на 1-1, а во понатамошниот тек на натпреварот прими уште три гола,за да доживее целосен дебакл 1-4,и тоа на домашен терен.