Хосе Луис Моралес со два гола го потопи Вилјареал за да му донесе многу важна победа на Леванте во битката за опстанокот во Ла Лига, после денешниот триумф со 2-0.

Моралес погоди во завршните 20 минути од мечот, прво во 69-та минута, а потоа во 91-та минута за да ја запечати победата, со која Леванте сега дојде до 22 бода и го прескокна Алавес за да му ја препушти последната позиција, со пет бода заостаток, но и меч повеќе од најблискиот ривал во сигурната зона Кадиз.

Вилјареал, пак, со поразот остана на 45 бода на седмото место во Ла Лига.