Во натпревар од 30.коло во шпанската Ла Лига, Хетафе на свој терен успеа да ја победи Мајорка со 1:0 и така да освои големи три бода во битката за бегство од опасната зона. Инаку победникот беше решен дури во 82.минута кога Мајорал постигна гол за домашните. Да напоменеме дека во 65.минута домашниот тим не искористи пенал, поточно Унал не успеа да го совлада гостинскиот голман.
Од 63.минута Мајорка играше со играч помалку бидејќи Русо доби втор жолт картон. Во 92.минута Родригез ја погоди пречката на гостите.