Екипата на Манчестер Јунајтед извојува драматична победа над Арсенал во натпревар од ФА Купот, триумфирајќи после изведување на пенали со 5-3 на „Емирати“ и обезбеди пласман во следното коло. Клучна фигура во овој успех беше турскиот голман Алтај Бајиндир, кој беше херој на „црвените ѓаволи“ со две извонредни одбрани: во регуларниот тек на дуелот го одбрани пеналот на Одегард, а во пенал-серијата го одбрани и ударот на Каи Хаверц.
Манчестер Јунајтед дојде во водство преку Бруно Фернандеш во 52. минута, додека десетина минути подоцна Габриел израмни за Арсенал во 63. минута. А само две минути претходно, Јунајтед остана со играч помалку, бидејќи Диого Далот беше исклучен поради втор жолт картон.
И покрај тоа што продолжи со играч помалку, Јунајтед одлично се бранеше, а Бајиндир беше извонреден, особено со одбраната на пеналот на Одегард во 73. минута. Во пенал-серијата, играчите на Јунајтед беа прецизни, додека турскиот голман со интервенцијата против Хаверц го осигура победничкиот момент.
Екипата на новиот стратег Рубен Аморим продолжува да се бори на повеќе фронтови оваа сезона.