Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го одржа првиот тренинг во пресрет на баражот против Италија за Светското првенство во Катар. Играчот за врска Давид Бабунски е повторно дел од А-селекцијата и оптимистички најавува борба за секоја топка и елиминација на европскиот првак
„Среќен сум што повторно сум дел од репрезентацијата и тоа во овој посебен момент, за баражот за Светското првенство. Секако дека сме свесни против кого играме, Италија е европски првак, меѓутоа ние сме максимално мотивирани да докажеме дека Македонија може да игра и против најголемите. Одиме во Палермо да одиграме со срце и ќе дадеме се од себе за да победиме“, изјави Давид Бабунски.
Македонскиот национален тим утре патува за Палермо, а мечот на стадионот „Ренцо Барбера“ е закажан за 24 март, со почеток во 20.45 часот.