Малкумина можеа да го очекуваат тоа, но Кралевите беа понижени пред своите навивачи од омразениот каталонски ривал, кој едноставно го скрши домаќинот и му даде четири голови, а можеше да има уште неколку…
-Бевме непрепознатливи, се тргна во погрешна насока. Им кажав на играчите дека е моја вина. Игравме многу лошо и нашиот пристап беше многу лош. Направив грешка при подготовките за натпреварот. Тоа може да ми се случи еднаш, двапати, инаку не грешам…“, изјави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по катастрофалниот пораз.
Реал останува лидер и по тешкиот пораз, засега има добра предност пред ривалите, но евидентно е што и да се случи до крајот, бидејќи кралевите се уште ја чекаат борбата за трофејот во Лигата на шампионите (прв дуел со Челзи во четвртфиналето), ќе има голема промена во лето.
Шпанските медиуми уверуваат дека дури девет играчи на Реал Мадрид ќе заминат на крајот на сезоната, што ќе биде дел од големата реконструкција на тимот.
„Црната листа“ на која се наоѓаат некои големи ѕвезди, всушност тешко е да се игра за Реал, а да нема статус на ѕвезда, изгледа вака:
Еден Азар – 879 одиграни минути
Марсело – 568 минути
Лука Јовиќ – 475
Иско – 341
Герет Бејл – 270
Маријано Дијаз – 229
Андриј Лунин – 210
Дани Себаљос 75
Хесус Ваљехо – 14
Самиот Герет Бејл има годишна бруто плата од 30 милиони евра, а Азар не е далеку, па ова е најдобар доказ колку пари Реал ќе обезбеди за некои големи засилувања, а прв во низата е Килијан Мбапе од ПСЖ.
Реал очајно ќе сака да се ослободи од многумина на списокот за да го ослободи буџетот за плати, а Мбапе е само еден во низата големи играчи кои се очекуваат во Мадрид пред почетокот на сезоната 2022/23.