Тренерот Карло Анчелоти не можеше да смета на францускиот напаѓач Карим Бензема и затоа експериментираше, но на крајот тоа скапо го чинеше бидејќи овој пораз ќе се памети уште долго.
Бензема беше вознемирен поради неуспехот на неговиот тим, па решил да ги критикува неговите соиграчи кои не биле сериозни пред „Ел Класико“.
„Вчерашниот пораз ни се случи затоа што ги потценивме. Кога се разбудив ги видов Винисиус и Касемиро како заедно пијат и играат ФИФА. Ги прашав зошто не одмораат пред важниот меч, а Винисиус ми кажа дека нема потреба затоа што Барселона била без Меси“, рекол Бензема.