Манчестер Сити го декласираше Лидс Јунајтед (7:0) на својот Етихад и остана на врвот на табелата во англиската Премиер лига.
Тешка вечер за гостите навести Фоден во осмата минута, а само пет минути подоцна Гралиш зголеми на 2-0. Другите голови ги постигнаа Де Брујне (32′, 62′), Махрез (49′), Стоунс (74′) и Аке (78′).
Ова беше првпат во кариерата на Марсел Биелса неговиот тим да прими седум гола, а аргентинскиот стручњак вечерва по 568. пат седна на клупата како тренер.
Со оваа победа Сити и по ова коло се зацврсти на првото место бидејќи има четири бода повеќе од Ливерпул кој допрва треба да го одигра натпреварот од 17. коло.
Лидс падна на 16. место, а ова му беше втор последователен пораз, трет врзан меч без победа во првенството.
Претходно Астон Вила го победи Норич на Кероу Роуд со головите на Ремзи (34′) и Воткинс (87′). Астон Вила сега е деветта, додека Норич остана на последното место.