Екипата на Астон Вила е најпријатно изненадување во Премиер лигата оваа сезона и по 15. коло е сериозен кандидат за титулата, евентуално за пласман во Лигата на шампионите.
Тимот од Бирмингем убедливо го надигра актуелниот англиски и европски првак Манчестер Сити и може да жали што победи само со 1-0. Статистиката покажува дека домашните фудбалери упатија дури 22 удари кон голот на Сити.
Шампионот вечерва направи чекор назад во трката за одбрана на тронот во англискиот фудбал и доживеа пораз на гостувањето на „Вила Парк“ (0-1).
Се очекуваше триумф на еден од најдобрите тимови на Островот, меѓутоа Унаи Емери уште еднаш се покажа како голем стратег. Во првиот дел, Вила го надигра Сити, шутевите беа дванаесет за домаќинот наспроти само два за гостинот.
Трите бода на за Астон Вила ги донесе Леон Бејли, во 74. минута, на асистенција на Тилеманс, ја погоди мрежата на Едерсон, на голот на Манчестер Сити. Во второто полувреме Манчестер Сити не упатил ниту еден шут кон противничкиот гол, што не се памети во поновата историја на англискиот шампион. И тоа во нападот предводен од „Златната копачка“ – Ерлинг Халанд.
За „граѓаните“ ова е трет пораз сезонава, па така Манчестер Сити падна на четвртото место со 30 бода. Изненадувачки пред него е Астон Вила со 32 бода, па следи Ливерпул со 34 бода, а лидер е Арсенал со 36 бода.