Крајот на бразилската фудбалска лига значеше и крај на етапата која ја имаше Луис Суарез во Гремио, бидејќи напаѓачот сепак реши да се одјави на „Маракана“ со победа од 2:3.
Двете минијатури кои ги изведе Уругваецот се само уште еден доказ за неговата класа како фудбалски голгетер, за што сведочат и бројките кои ги оствари во Бразил.
За неполна година како играч на Гремио, Суарез одигра 54 натпревари, успеа да постигне 29 гола и да запише 18 асистенции.
https://twitter.com/i/status/1732713854365286670
Последниот гол на Суарес во дресот на Гремио се случи на најпознатиот стадион на светот, „Маракана“ во Рио, а погодокот беше специјален. Суарес погоди од пенал и во стилот на Паненка, со поткопување на топката го измами голманот.