ПСЖ го совлада Клуб Бриж со 4-1 на „Паркот на принцовите“ во Париз, но сепак како второпласиран ќе ја заокружи групната фаза во Лигата на шампионите. „Светците“ имаат 11 бода, а еден повеќе има Манчестер Сити кој вечерва загуби на гости од Лајпциг со 2-1.
Килијан Мбапе во одлично ритам во почна натпреварот, и во пет минути постигна два гола, а потоа му асистираше и на Лео Меси во 38.минута. Аргентинецот стрелаше од 25 метри и уште тогаш ја обезбеди победата на ПСЖ.
Матс Ритс во 68.минута успеа да го совлада Донарума, а потоа Лионел Меси постигна уште еден гол од пенал.