Кога немате клуб, тогаш имате многу слободно време. Особено кога сте на прагот од 72 години. Францускиот селектор Арсен Венгер поддржува Светските првенства да се одржуваат две години, а сега и за судиите смисли нешто ново.
Директорот на ФИФА за развој на светскиот фудбал, Арсен Венгер, изнесе нова идеја.
“Зошто да не дозволиме судиите да присуствуваат на прес -конференции по натпреварите? Тоа би било добар начин да се избегнат контроверзи. Би можеле да го отстраниме пред воопшто да има јавна дебата” – рече Венгер, како што пренесе Л’Екип.
Поранешниот тренер на Арсенал потоа додаде:
” Не знам доволно за состојбата на умот во која се судиите по натпреварите за да можам да коментирам дали тоа би било добар потег.”
Важно нешто предлага, но не знае дали тоа би било добар потех.