Скаутите на шпанскиот гигант Барселона пронајдоа ново фудбалско чудо, кое засега игра во Шведска. Лукас Бергвал е 17-годишен играч од средниот ред и веќе е стандарден член на стартниот тим на Ѓургарден од крајот од минатата сезона. Тој ги „збудале“ големите европски клубови кои сакаат да го купат пред да стане полнолетен.
Каталонскиот клуб е во финансиски проблеми и не може да им парира на останатите побогати клубови. Сепак, сите сѐ уште сакаат да играат на „Камп Ноу“ и се замислуваат дека се наследници на Лео Меси.
Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона би можела да го донесе во трансфер помал од 15 милиони евра, но и дека шведскиот репрезентативец до 21 година е заинтересиран да дојде на „Камп Ноу“. Тој е под договор до летото 2025 година.
Инаку Лукас е играч за врска, позиција каде шпанскиот првак е тенок, Гави е повреден, Педри веќе некое време се мачи со повреди и не може да фати ритам, а Ромеу беше доведен како привремено решение, ефтина опција која не ги оправда очекувањата по заминувањето на Бускетс.
Еве за каков играч се работи: