Шалке се врати во Бундеслигата по една сезона играње во втората лига од германскиот фудбал. Мисија за повраток заврши со саботната победа од 3:2 против Сент Паули во претпоследниот натпревар, 33. коло. Следеа луди сцени на славење на навивачите.
По натпреварот и последниот судиски свиреж настана хаос на теренот. Започна прославата на играчите со над 60 илјади навивачи на стадионот за овој натпревар, а сцените снимени по прославата Шалке ги објави на своите социјални мрежи.
Делови од тревникот исчезнаа во рацете и џебовите на навивачите кои сакаа да задржат дел од историјата за себе. Клубот со фотографија во позадина откри дека тревникот не ја издржал нивната прослава, а богами настрадала и конструкцијата на голот.
https://twitter.com/s04/status/1523102668377698304?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1523102668377698304%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fnavijaci-schalkea-u-ludoj-proslavi-unistili-gol-i-travnjak-klub-objavio-fotografiju%2F2362551.aspx