Се случуваат и поголеми инциденти како на натпреварот меѓу Фоџа и Катанцаро кој им припадна на гостите со 6-2. Во повеќе наврати домашните навивачи се обидуваа да влезат на теренот, а еден од нив дојде на чекор од гостинскиот играч Пјетро Лемело.
Лемело во минатото имаше играно за Фоџа, па има нерасчистени сметки со ултрасите на оваа екипа кои по се изгледа ништо не му забораваат, па така еден од нив во прв момент сакаше да го удри, меѓутоа се сопна во последен момент, а по напуштањето на теренот му порача дека ќе му ја скине главата.
Пјетро, после тоа експресно беше заменет, и испратен до соблекувалната за да не се случат дополнителни инциденти.