Само шест месеци откако замина во Пекинг Гуан за милион евра, 32-годишниот Аријан Адеми се врати во Динамо. Македонскиот репрезентативец и капитен на клубот се враќа на Максимир по долги преговори со Кинезите, кои неколку пати ги менуваа условите, за конечно да пропаднат во последен момент.
Адеми потпиша договор на три години, а ќе го носи бројот 5, кој Динамо го пензионираше по неговото заминување. Клубот враќањето на Адеми го проследи со емотивно видео, а играчот даде кратка изјава за клупскиот сајт.
„Враќањето во Динамо не очекував дека тоа ќе се случи толку брзо, но работите испаднаа така. Цело време го следев секој натпревар, секоја вест поврзана со мојот сакан клуб.
Во целиот процес, секако, голема улога одиграа клупската администрација и спортскиот сектор, бидејќи преку контактот со нив почувствував колку сакаат да ме вратат и колку им е важно ова. Заслуга има и соблекувалната на Динамо, со кого бев во контакт цело време, како и тренерот Јакировиќ, кој инсистираше на моето доаѓање и лично беше силно вклучен во целиот процес.
“Можам само да кажам дека сум исклучително среќен што се враќам во мојот клуб, на мојот омилен стадион и им ветувам на навивачите дека ќе продолжам таму каде што застанав пред неколку месеци – дека ќе дадам се од себе, ќе умрам за овој клуб“, изјави Адеми по враќањето на Максимир.