Германија е вториот патник во финалето на Светското кошаркарско првенство и репрезентацијата која ги остави Американците без можност да се борат за златни медали (113:111).
Европската селекција во ова полуфинале го започна одлично натпреварот, дојде до плус десет уште на 25:15, но противникот експресно се врати во игра и не дозволи таква негатива во продолжение.
На полувреме Американците имаа плус еден (60:59), што најави драматично продолжение, a Германија повторно притисна за плус десет, со кои влезе во последниот период.
Во финишот, избраниците на Стив Кер дојдоа на минус еден (108:107), но тоа не влијаеше негативно на европскиот ривал, кој одигра подобро во завршните напади и на крајот заслужено славеше со 113:111.
Обст со 24 и Вагнер со 22 поени беа најефикасни во редовите на победничката селекција, додека Едвардс реализираше 23 во американскиот состав, кој ќе се бори за третото место со Канада.
Во неделното финале, Германија за противник ќе ја има Србија.