Андреј Јакимовски му одржа лекција на синот на Леброн Џејмс. Неговиот тим Вашингтон Стејт Универзитетот оствари нова победа во НЦАА, а меѓу најзаслужните за тоа е македонскиот репрезентативец.

Тој беше најефикасен во својот тим со 18 поени, вклучувајќи и четири тројки а додаде уште пет скока во триумфот против УСЦ (Универзитет Јужна Калифорнија). За Вашингтон Стејт, ова беше 22. победа со која продолжи во чекор да ја прати Аризона која е лидер во Конференцијата.

Во составот на противничката екипа беше синот на Леброн Џејмс, Брони кој за 12 минути на теренот постигна само два поена и направи четири лични грешки, две од нив над Јакимовски кој постигна и една тројка преку него.

 

За Вашингтон Стејт, ова беше 22-ра победа оваа сезона и со тоа продолжи да го следи чекорот со Аризона, која е лидер во конференцијата.