Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно е на дневен ред во Барселона. Неговото име се споменува како опција за втор голман за следната сезона, заедно со Давид де Хеа, кој во моментот е слободен агент и без клуб.
На Димитриевски во јуни му истекува договорот со Рајо Валјекано, а „Мундо Депортиво“, еден од највлијателните медиуми во Каталонија и во Шпанија, го советува раководството на Барселона да размисли за ангажман на Столе Димитриевски како многу сериозна опција.
Македонецот и во 2022 година беше кандидат за трансфер во Барселона, но тогаш Нето одлучи да остане во клубот и зделката пропадна.
Сега е речиси подеднаква ситуацијата со резервниот голман Ињаки Пења, кој најверојатно ќе си замине од клубот по завршувањето на сезоната.
Столе Димитриевски и оваа сезона е еден од најдобрите голмани во шпанска Примера. Тој се наоѓа на третото место во шпанското првенство по бројот на натпревари без примен гол, со девет натпревари со „чиста мрежа“, зад Унаи Симон од Атлетик Билбао и зад Алекс Рамиро од Реал Сосиедад.