Прославата на шампионската титула на теренот на лутиот градски ривал можеше скапо да ги чини фудбалерите на Барселона, кои за малку се спасија од налетот на хулиганите на Еспањол, кои не можеа да ги гледаат како слават и тоа откако претходно ги прегазија нивните миленици (4-2).
Највоинствените фанови на домаќинот го пробија обезбедувањето и тргнаа да ја прекинат прославата на Каталонците, кои на средината од теренот пееја „Шампиони, шампиони“. Фудбалерите на Барса, за среќа, навреме ги забележаа лутите навивачи и веднаш истрчаа во тунелот и кон соблекувалната.
Обезбедувањето се обиде, меѓутоа не успеа да ги запре хулиганите. Дел од нив стигнаа до тунелот, меѓутоа за среќа беше избегнат поголем скандал и играчите безбедно влегоа во соблекувалната каде што продолжија со славјето.