РБ Лајпциг со џиновски пресврт и гол во 96-та минута дојде до огромна победа против Вердер Бремен со 2-1 со што направи голем чекор кон пласман во ЛШ, па на две кола до крајот на сезоната во Бундеслигата потребна му е победа за заверка на учеството во мултимилионската елита.
Кристофер Нкунку со две асистенции, една за Вили Орбан во 87-та, а потоа за Доминик Шобошлај во 90+6-та минута беше инспиратор на пресвртот, откако „биковите“ на 20 минути пред крајот се најдоа во негатива со гол на Леонардо Битенкур.
Лајпциг после оваа победа се врати на третото место, сега со 60 бода, еден повеќе од Унион Берлин кој е четврти, ама четири пред Фрајбург и една победа го дели од заверка на пласманот во ЛШ. До крајот на сезоната, Лајпциг има мечеви со Баерн Минхен, кој се бори за титула и со Шалке.
Вердер остана на 35 бода, пет повеќе од позицијата за бараж на која е Шалке и е многу близу да го завери сигурниот опстанок во Бундеслигата.