Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го врати Динамо Загреб во мечот со Шкупи, минута пред полувремето откако погоди со глава после еден центаршут во 44-та минута за да не дозволи чаирчани да го дочекаат полувремето со пресврт откако бразилецот Кевен ги шокираше „модрите“ по пола час игра.
Адеми имаше една извонредна шанса која не ја реализира во воведните десетина минути, па откако Динамо се најде во негатива, а играше многу под своето ниво и без идеја, македонскиот репрезентативец и капитенот ги спаси загрепчани и ја врати самодовербата за да ги крене соиграчите пред вториот дел.
За Адеми ова е прв гол во новата сезона.