Кипарците сега имаат шанса на домашен терен и со минимална победа да ја продолжат трката за место во европската елита. На девет минути пред крајот Ѓириско даде гол за водство, но само три минути потоа данскиот клуб успеа да израмни и да се спаси од пораз, откако Свиатченко ја погоди мрежата на АЕК.
Шведски Малме загуби во Литванија од Жалгирис со 0-1, меч на кој македонскиот репрезентативец Ердал Ракип остана само резерва, а мечот го реши Оурега со гол во второто полувреме.
Ерменски Пјуник, чиј член стана летово екс-репрезентативецот Марјан Радески, загуби дома од луксембуршки Дуделанж со 0-1, Лудогорец го згази Шамрок Роверс со 3-0 во Разград, а Карабах со гол предност после победата со 3-2 оди на реваншот кај Цирих.