Централ Кордоба немаше шанса со играч помалку.
Прославата на навивачите на Бока Јуниорс, се славеше за освоениот Куп.
Убава атмосфера направија навивачите кои ги исполнија трибините до последното место, а Бока со осум гола им возврати на своите фанови – 8:1 (3:0).
Целата работа Бока ја заврши за половина час, кога веќе водеше со 3:0.
А во 22. минута следеше најубавиот момент. Вистинска атракција и гол со пета од 12 метри, причина зошто се гледа јужноамерикански фудбал.
Факт е дека Кордоба играше со играч помалку, дека мораше да трпи голем притисок од трибините, па само беше прашање со колку голови Бока ќе ги испрати гостите.
Бока заврши на четвртото место оваа сезона. И следната година ќе игра на Копа Либертадорес.