Има многу примери каде клубовите реагираат набрзина на пазарните трансфери и непромислено ги трошат своите пари.
Можеби најголемиот неуспех во историјата на Ливерпул, барем по вложеното и освоеното, е Енди Керол, кого „црвените“ некогаш го направија најскапиот Англичанец во историјата.
Иако неговата пазарна вредност беше проценета на помалку од три милиони евра, Ливерпул пред десет години плати за Керол неверојатни 40 милиони евра.
Робусниот напаѓач требаше да биде замена за Фернандо Торес, но тој стана едно од најголемите промашувања откако се игра фудбал на Енфилд.
Потоа следеше преселба во Вест Хем, каде за шест години не се наигра, пред се поради бројните повреди кои значително му ја уназадија кариерата.
Денес, 32-годишниот играч игра за Рединг во Чемпионшип каде заработува 1.000 фунти неделно. За споредба,во Вест Хем заработуваше 23.000 фунти неделно.
Токму со неговата нереална интервенција во поразот од Вест Бром (0:1) Керол се погрижи за него денеска да се зборува на Островот, но и ширум светот.
Керол беше во голот, се држеше за мрежата кога ја виде топката како доаѓа кон него, а потоа пожртвувано се фрли и не дозволи топката да ја помине гол линијата.
Може да се каже дека е вистинска штета што оваа интервенција на крајот не беше наплатена бидејќи Рединг беше поразен .