Плејмејкерот на Цедевита Олимпија, Јоги Ферел, кој пристигна во клубот на почетокот на декември, ги испровоцира навивачите на Партизан во белградската Штарк Арена.
Цедевита Олимпија со тројки го наполни кошот на Партизан и славеше во дербито на колото .
Американскиот кошаркар постигна 15 поени со шест асистенции во дербито од 11. коло, во победата на тимот од Љубљана, а на тој меч заработи и исклучување.
Во првото полувреме тој доби техничка грешка, а во вториот дел направи неспортска грешка, а кога излегуваше од паркетот имаше гест кон навивачите на Партизан.
Ферел им мавташе и им праќаше бакнежи, а потоа придружуван од обезбедувањето набрзина влезе во тунелот кој води кон соблекувалните.