Кошаркарите на Денвер Нагетс ја продолжија серијата порази на гостувањето во Солт Лејк Сити, каде последен пат победи пред речиси четири години, во февруари 2020 година. Овој пат Јута Џез славеше 124-111 во натпревар во кој Никола Јокиќ повторно имаше одлична претстава.
Јокиќ постигна 27 поени и имаше 11 скока и шест асистенции, од кои една од нив беше спектакуларна. На стартот од средбата Србинот одново со една рака асистираше преку цел терен до Мајкл Портер Јуниор кој со лесен кош го отвори натпреварот.
Пред само три дена Јокиќ ја одушеви кошаркарската јавност со идентично додавање на мечот со Детроит. Синоќа тоа го повтори веќе во првата минута од натпреварот.