Хајдук од Сплит денеска оствари победа против МОЛ Фехервар со 5-2 во пријателски натпревар, а мајсторски гол постигна македонскиот фудбалер Александар Трајковски.
Натпреварот се играше во четири дела од по 30 минути, а Трајковски го постигна прекрасниот гол од корнер дури во 104. минута.
На дуелот настапи и македонскиот фудбалер Никола Серафимов кој беше стартер во редовите на МОЛ Фехервар.