Барселона се пласира во финале на шпанскиот Суперкуп против Реал Мадрид, но тренерот Чави Ернандез доби лоша вест пред дербито кое ќе се игра во Саудиска Арабија.
Чави не може да смета на Гави, Иниго Мартинез, Жоао Кансело, а сега се повреди и Бразилецот Рафиња, кој ќе го пропушти „Ел Класико“ во недела.
Рафиња мора да оди на дополнителни медицински прегледи по кои ќе биде познато кога ќе се врати на теренот, иако се шпекулира дека тоа ќе се случи на крајот на јануари.
Дербито меѓу Реал Мадрид и Барселона во шпанскиот Суперкуп е закажано за недела од 20 часот.