По денешното реми со Исланд, преостана уште еден натпревар од овој мини-циклус на квалификации кој Македонија го игра за пласман на СП во Катар.
По натпреварот селекторот Милевски одговараше на повеќе прашања, а за здравствената состојба на Николов изјави:
„Бобан Николов работи под посебна програма, покажа завиден професионализам во текот на овие подготовки. Тој се враќаше од коронавирус и од тој аспект го поштедивме од овие два натпревари, нели тој се вклучи во подготовките многу доцна, но одработни посебен вид на програма и мислам дека ќе биде во конкуренција за следен натпревар“.
Следниот натпревар против Романија, Македонија го игра на домашен терен на 8-ми септември во Скопје.